Connect with us

Ибрахимовиќ во новата автобиографија: Сите беа убави, а јас со крив нос…Сите ме мразеа дека сум сиромашен

Златан Ибрахимовиќ е роден во балканското гето во Малме, имал сиромашно детство и сите го мразеле. Ова го опиува во новата автобиографска книга „Адреналин“.


„Отсекогаш страдав како дете, уште кога се родив. Веднаш откако се родив, паднав на подот откако и се лизнав од раце на медицинската сестра од еден метар височина… На училиште бев поинаков од сите други. Сите беа русокоси, убави, згодни со светли очи и хармоничен нос, а јас сум црн и имам крив и долг нос.

Зборував и одев поинаку од нив. Нивните родители пишуваа петиции да ме исфрлат од тимот. Секогаш ме мразеа… Моите соиграчи носеа брендирана, дизајнерска облека, а јас немав ни за штуцни, само чорапи и поради тоа ме исмеваа. Отпрвин лошо реагирав на сето тоа, но преку изолација научив да ги претворам страдањата и омразата во дополнителна сила“, раскажува Златан.

Тој објаснува како ја канализирал сета оваа негативност што била насочена кон него подоцна, за време на неговата фудбалска кариера која се уште трае.

„Кога сум среќен, играм добро, но кога сум лут, ранет и страдам, тогаш играм дури и подобро. Од стадионот каде што ме сакаат црпам енергија, а од стадионот каде што ме мразат ја земам уште повеќе“, истакнува Ибрахимовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови