Германскиот дефанзивец на Рома, Матс Хумелс, се извини за црвениот картон што го доби при гостувањето на Атлетик Билбао, упатувајќи извинување до италијанскиот клуб и своите соиграчи.
Хумелс беше исклучен со директен црвен картон уште во 11. минута од реваншот во Шпанија во осминафиналето од Лига Европа, а Рома загуби со 1-3 и испадна од натпреварувањето со вкупен резултат 3-4.
„Сакам да им се извинам на нашите навивачи и на моите соиграчи. Ги разочарав сите со грешка што беше едноставно глупава и ужасна“, напиша Хумелс на своите профили на социјалните мрежи неколку минути по натпреварот.
„Овие беа натпревари во кои мојот тим можеше да смета на мене, но сега јас направив грешка и му ја одзедов на целиот клуб шансата да ја освои Лигата на Европа. Не знам што друго да кажам, разочаран сум од себе, исто како и сите вас“, додаде 36-годишниот дефанзивец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













