Работнички оствари важна победа на гости (1-2) против Брегалница во Штип прекинувајќи ја лошата серија која траеше неколку кола. Тоа е прв триумф за новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов како предводник на „романтичарите“, а тој заслугите им ги препиша на фудбалерите.
„Задоволен сум од играта и секако – од резултатот. Остварен е важен триумф, се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и во последното коло пред зимската пауза. Не е лесно да се преземе тим среде сезона, но мора да кажам дека фудбалерите одлично ги прифатија новите идеи и новиот стил на работа и неверојатно брзо се прилагодија, а тоа го можат само квалитетни фудбалери. Не се сомневам дека квалитетот на Работнички ќе излезе на површина“, вели Борче Христов за официјалниот сајт на клубот.
Работнички в недела, во последното коло од есенскиот дел од првенството на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Македонија ЃП.
„Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил, сега самодовербата кај фудбалерите е на многу повисоко ниво, а тоа е многу важен сегмент. Го респектираме тимот на Македонија ЃП, тие се наоѓаат во одлична форма, но ќе се обидеме да стигнеме до успех“, истакнува шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.
Натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП ќе се одигра в недела, со почеток во 13 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, а ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













