Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, го испрати во историјата рекордот на Кристијано Роналдо. Данецот стана најмладиот играч на „црвените ѓаволи“ со најмалку еден гол и една асистенција во два последовни натпревари во Премиер – лигата.
Во драматичната победа од 3-4 против Вулверхемптон, Хојлунд асистираше за голот на Маркус Рашфорд, а потоа и сам погоди пред паузата.
Поранешниот напаѓач на Аталанта има 20 години, а Роналдо за првпат на 21-годишна возраст постигна гол и асистираше на два последовни меча во англиската лига.
Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш се изедначи по бројот на асистенции во Премиер – лигата со Кристијано Роналдо. Португалецот асистираше за еден од головите на „црвените ѓаволи“ против Волвс и сега има 37 асистенции, исто колку и неговиот репрезентативен колега Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













