Connect with us

Хетафе сака да ја продолжи позајмицата на Гринвуд

Шпанскиот прволигаш Хетафе сака да го задржи крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, подолг период во своите редови. Англичанецот моментно игра на позајмица до крајот на сезоната, но Шпанците се исклучително задоволни од неговите настапи и веќе прават планови за продолжување на неговиот закуп, тврди „АС“.


Гринвуд брзо стана важен играч за тимот на левата крилна позиција и има три гола и три асистенции на седум натпревари досега.


Затоа Хетафе е во редовен контакт со Манчестер Јунајтед, а веќе се водат преговори за евентуално продолжување на закупот за уште една сезона.


„Црвените ѓаволи“ сѐ уште дефинитивно не кажале „да“ на оваа понуда, бидејќи повеќе би сакале да го продадат играчот и на тој начин да внесат свежи средства во клупската каса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови