Connect with us

Хернан Креспо е нов тренер на Ал-Аин

Поранешниот аргентински репрезентативец Хернан Креспо е нов тренер на Ал-Аин, соопшти клубот од ОАЕ. Тој ќе го наследи Алфред Шредер, кој замина по само шест месеци работа.

Ал-Аин ја објави веста на социјалните мрежи со видео на кое се прикажани снимки од кариерата на прославениот голгетер.

„Хернан Креспо е меѓународна ѕвезда, голем лик и одличен тренер. Неговата репутација и амбиции ги задоволуваат барањата на лидерот во фудбалска Азија“, истакнаа од клубот.

Креспо до октомври беше тренер на катарскиот шампион Ал-Духаил, кој го ослободи по серијата незадоволителни резултати. Него на функцијата го замени поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови