Connect with us

Хаверц носи водство за Германија во Скопје (ВИДЕО)

Германија жестоко го почна второто полувреме. По само пет минути во вториот дел поведе со 0-1, со голот на Каи Хаверц.

Брз противнапад изведоа Германците, во фор излезе Горецка кој го проигра Хаверц во вистински момент, а тој ја погоди мрежата на Столе Димитриевски.

Германците имаат водство на арената „Тодор Проески“, но има уште многу да се игра…

Advertisement

Facebook

Тимови