Последниот ден од летниот преоден рок може да донесе уште неколку интересни трансфери, а еден од нив е и Харис Сеферовиќ кој треба да се пресели во Сампдорија.
Раководствата на Сампдорија и на Бенфика преговараат за трансфер на овој натурализиран 29-годишен Швајцарец, кој за 10 милиони евра би можел да заврши во клубот од Џенова.
Сеферовиќ претходно беше член на Фиорентина, а играше и за Лече и за Новара. Токму од Фиорентина во 2013 година направи трансфер во Реал Сосиедад за 3 милиони евра, а потоа Ајнтрахт Франкфурт го купи од Сосиедад една година подоцна за 3,2 милиони евра.
Тој пристигна во Бенфика од Франкфурт како слободен играч, и сега се најавува неговото враќање во Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













