Connect with us

Хари Кејн сака да си го откупи договорот со Тотенхем за да направи трансфер во Баерн Минхен

Хари Кејн наводно е подготвен да си ја откупи последната година од договорот со Тотенхем за да направи трансфер во Баерн Минхен. Преговорите меѓу двата клуба траат веќе подолго време, а според англиските и германските медиуми, лондонскиот клуб одбил и трета понуда за својот напаѓач. Таа беше во износ од околу 100 милиони евра.


Тотенхем бара повеќе, наводно дури 140 милиони евра за 30-годишниот кој е под договор со него само за следната сезона. За да ја намали оваа разлика, Кејн е подготвен да се откаже од голем дел од својата плата која изнесува околу 24 милиони евра годишно.

Кејн постигна клупски рекорд со 280 гола за Тотенхем на 435 натпревари. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Се очекува Баерн Минхен, доколку се договори за трансфер со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор. И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови