Фудбалскиот сојуз на Србија ги казни Јагодина и Борац Чачак за „местење“ натпревари со одземање на шест бода и парична казна од 40.000 евра. На ова инсистираше УЕФА која одблиску ги следела малверзациите во српскиот фудбал.
Но, хаосот продолжува. Борац Чачак е подготвен да ја напушти лигата.
„Кој може да остане паметен и нормален после срамот, скандалозното ставање на Борац Чачак во лажни инсинуации за лажирање. Конечната одлука ќе ја донесеме утре, ќе свикаме прес – конференција, а јавноста ќе биде запознаена со сте детали. Речиси е извесно, натпреварот против Кабел во минатото коло беше наш последен во прволигашки ранг, нема да патуваме во Крагуевац. За нас е ова крај на една голема игра во која ние со срамни одлуки сме прогласени за „мешетари“ и обвинети за местење. Стручниот штаб и фудбалерите се подготвени да застант пред сите релевантни луѓе и институции во државата и да докажат дека не се виновни“, изјави тренерот на Борац, Владимир Станисављевиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal