Претседателот на саудискиот клуб Ал-Хилал, Анмар Ал Хаили, откри детали за неверојатната понуда до аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси која на крајот тој ја одбил.
Клубот од Саудиска Арабија се обиде да го потпише фудбалерот во летото 2023 година, кога тој го напушти ПСЖ, но Меси преферираше да игра во МЛС – лигата и потпиша за Интер Мајами.
„Бевме во контакт со Меси кога неговиот договор со Пари Сен Жермен истекуваше. Му понудивме на Лионел 1,4 милијарди евра, но тој одби, затоа што неговото семејство сакаше да се пресели во Америка. Изненадувачки е што фудбалерот одби таква понуда во името на семејството. Тој се обиде да го убеди семејството, но сепак на крајот нѐ одби без двоумење. Го почитуваме тоа, бидејќи семејството е поважно од парите“, изјави Ал Хаили.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













