Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е уверен дека фудбалерите на шпанскиот шампион ќе го искористат поразот од 1-4 против Севилја како поттик за позитивна промена во следните недели. Каталонците имаат два последовни порази во сите натпреварувања, откако претходно загубија со 1-2 од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
„Едноставно мораме да го прифатаме овој пораз и на некој начин да гледаме позитивно. Ги гледаме негативните моменти во нашата игра што мора да ги смениме. Првото полувреме не беше добро, немавме решенија при организацијата на нападите. Навистина не игравме добро, но ја ценам реакцијата по паузата. Она што го направивме беше убаво за гледање. Важно е да ја задржиме таа емоција. Ќе се бориме секогаш за победа, како и за секој трофеј“, изјави Флик пред медиумите.
Германецот е задоволен што играчите заминуваат на репрезентативни собири, а тимот ќе го одигра следниот натпревар против Џирона на 18 октомври.
„Во моментов е добро што имаме пауза, а и за фудбалерите е корисно што ќе играат за своите репрезентации. Таму атмосферата е различна. По нивното враќање ќе работиме напорно за да си го вратиме нивото“, додаде Флик.
Барса заостанува две бода зад лидерот на табелата, Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













