Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен по победата со 4-0 во првиот натпревар против Борусија Дортмунд од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, тој сè уште не смета дека неговиот тим се пласирал во следната фаза, бидејќи знае дека фудбалот е луд спорт во кој може да се случат секакви изненадувања.
„Сè уште не сме се пласирале. Важно беше да победиме со толку голови. Кога тимот игра добро, нормално е нештата да се одвиваат како што треба и головите да паѓаат. Не сакам да мислиме дека сме веќе поминале понатаму, затоа што во фудбалот никогаш не знаеш што може да се случи. Тоа е луд спорт. Важно е и следната недела да излеземе со истата желба“, изјави Флик.
„Борусија е добар тим и ние тоа го знаевме. Затоа на реваншот мора да ги сведеме грешките на минимум. Нашето напаѓачко трио беше неверојатно, но важна работа завршија и играчите во одбраната. Тоа важи и за играчите кои влегоа од клупата и го покажаа истото ниво како и тие што ги заменија“, додаде Германецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













