
Германија дојде во Скопје и помина во второто полувреме како брз воз низ арената „Тодор Проески“. Селекцијата на Ханси Флик излезе фуриозно, постигна четири гола (0-4) и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.
Откако Ханси Флик ја презеде Германија, „маншафт“ реди само победи.
„Задоволни сме, одигравме одлично во второто полувреме и ја остваривме целта. Ние сме првата селекција која успеа да се пласира на Светското првенство во Катар. Во првото полувреме Македонија добро се бранеше, но пото успеавме да ги разбиеме и да го добиеме мечот. Тимо Вернер одигра одличен меч откако доби критики од јавноста за послабата игра против Романците“, изјави селекторот на Германија, Ханси Флик.
Капитенот Мануел Нојер истакна дека клучен момент на мечот беше првиот гол на Каи Хаверц во 50.минута од дуелот.
„Во првото полувреме добро се бранеа, но мислам дека клучен потег беше голот на Каи Хаверц. Потоа го скршивме отпорот на Македонија и на крајот славевме убедливо“, изјави Мануел Нојер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
