
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран од поразот (1-2) од Атлетико Мадрид, но истовремено го пофали својот тим за покажаното за време на натпреварот. Каталонците доминираа во поголемиот дел од мечот, и тренерот е задоволен од играта, иако резултатот не е поволен.
„Одигравме одличен натпревар, горд сум на момците, иако сум разочаран од резултатот. Атлетико е искусен тим и ја искористи својата можност. Многу е разочарувачки. Педри играше неверојатно, Гави – исто така. Вака сакам да играме. По празниците ќе се вратиме посилни“, убеден е Ханси Флик.
Ова беше трет последовен натпревар во кој тимот губи бодови, што доведе до губење на првото место на табелата.
„Не може да се спореди со она што се случи против Лас Палмас или Леганес. Сега направивме само две грешки, и тие ги искористија. Одморот ќе ни дојде добро. Треба да научиме да играме попаметно. Не можам да кажам ништо за квалитетот на играта, сите го видоа тоа. Но, во фудбалот победува оној што постигнува повеќе голови. Да губиме бодови дома не е нормално и мора да работиме на тоа“, додаде Германецот.
И покрај тоа, тренерот е убеден дека тимот е на вистинскиот пат.
„Не сум загрижен. Игравме добро. Во првите два месеци ја започнавме сезоната многу силно, но потоа изгубивме бодови и сега сме втори. Но, тимот игра добро. Разочарани сме, и атмосферата не е најдобра. Но, така е во фудбалот и во животот. Сигурен сум дека ќе се вратиме посилни“, заврши тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
