Барселона ја продолжи неверојатната победничка низа од почетокот на шампионатот во Ла Лига, откако синоќа го совлада Хетафе со 1-0. Сепак, каталонскиот тим ја разгали јавноста со ефифакноста на изминатите неколку натпревари, па тренерот Ханси Флик доби прашање дали е задоволен, затоа што Барса победи „само“ со еден постигнат гол.
„Колку што јас знам, и за победа од 1-0 се освојуваат три бода. Имаме густ распоред, неколку фудбалери се повредени, а морам да ги сочувам и сите останати. Имавме неколку одлични шанси, но овојпат реализиравме само еднаш. Секако дека сум задоволен од победата, момците беа одлични“, изјави Ханси Флик.
Барселона веќе в сабота го игра следниот натпревар од Ла Лига, гостувајќи кај Осасуна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













