
Ерлинг Халанд може да се врати како стартер за Манчестер Сити на денешниот натпревар против Саутемптон од Премиер – лигата, потврди менаџерот Пеп Гвардиола. Норвешкиот напаѓач закрепна од повредата на скочниот зглоб по речиси шест недели отсутност.
Халанд досега има постигнато 21 гол оваа сезона во Премиер – лигата и беше еден од главните кандидати за „Златната копачка“. Сепак, падна на третото место зад Мохамед Салах од Ливерпул (28 гола) и Александар Исак од Њукасл (23).
„Тој е подготвен, во форма е. Дали ќе започне од првата минута, ќе одлучиме непосредно пред мечот. Родри сè уште не е достапен. Оскар Боб и Нејтан Аке почнаа да тренираат со нас, но сè уште не можеме да сметаме на нив“, изјави Гвардиола пред медиумите.
Манчестер Сити има шанса да го освои ФА Купот, каде што ќе се соочи со Кристал Палас во финалето на 17 мај. „Граѓаните“ сакаат и да го осигураат местото во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
