Connect with us

Хакими го обвинува Реал за заминувањето: Ќе останев, но клубот не сакаше

Ашраф Хакими важи за еден од најдобрите десни бекови во светот во моментов, а се зборува и за негово можно заминување од Интер за намалување на финансиските проблеми поради пандемијата.

“Реал Мадрид беше мојот дом”, репрезентативецот на Мароко изјави во едно неодамнешно интервју. “Ќе останев да се борам за своето место, но клубот одлучи поинаку. Не можам да го обвинам Зидан или раководството. Претпоставувам дека Реал има право на првооткуп за мене”.

Хакими се приклучи на Интер минатото лето на 40 милиони откако помина две сезони на позајмица во Борусија Дортмунд. 22-годишниот фудбалер постигна 7 голови и има ист број на асистенции на 33 натпревари во Серија А оваа сезона, помагајќи му на Интер за првпат по девет години да ја освои титулата.

Правото на првооткуп значи дека доколку Интер прифати понуда од друг клуб за Хакими, тој ќе треба да го извести Реал Мадрид за понудата, а ако “кралевите” се одлучат да испратат иста понуда, “нераѕурите” мора да ја прифатат нивната.

Тимови

Advertisement

Facebook