Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е цел на хакерска група која го уценува и бара повеќе од 5 милиони фунти за да не објави сензитивни информации и клупски тајни. Хакерите успеале да ги пробијат клупските сервери и го уценуваат клубот со милионска сума.
Манчестер Јунајтед ангажирал експерти за да утврдат каква штета е направена и какви видови на информации се „украдени“ од компјутерскиот систем. Во истрагата е вклучена и националната агенција за спречување сајбер криминал.
Клубот би можел да биде и казнет доколку биде утврдено дека не се заштитени личните податоци на навивачите кои се членови на фан-клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













