
Манчестер Сити освои нови три бода против Лидс, но Пеп Гвардиола немаше многу причини за задоволство. Денеска се очекуваше многу посигурен настап на „граѓаните“.
Момците на шпанскиот стратег одиграа солидно, но не онака како што очекуваат навивачите. Сепак, двата гола на Илкај Гундоган го решија натпреварот, за триумф од 2-1 во корист на „граѓаните“.
Можеше да биде поубедливо доколку Гундоган го искористеше пеналот кој му овозможи да го шутира Ерлинг Халанд.
Впрочем, Норвежанецот го повика да шутне, за Германецот да забележи хет-трик, но тој заврши неславно во таа 84. минута од играта.
„Требаше ти да шутираш!“, му довикна Гвардиола на Халанд.
„Прашањето што се поставува е кој го изведува ударот кога е 2-0. Одговорот е Ријад (Марез) или Ерлинг (Халанд). Никогаш не е готово на 2-0, особено овде во Англија“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
