Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше по победата од 3-2 на гостувањето кај Њукасл. Шпанскиот стратег сподели дека понекогаш е добро за „граѓаните“ да остваруваат и вакви успеси, со гол во последните моменти.
„Тоа беше многу добар настап. Понекогаш е подобро да се победи и вака. Неверојатно е како одигравме како тим, покажавме одличен карактер. Тимот ми покажа дека сака да биде тука, да се бори до крај, дека сака да ја задржи титулата во свои раце“, изјави Гвардиола.
„Кога противникот е уморен, Кевин и Оскар можат да ни дадат дополнителна брзина на крајот. Оскар постигна фантастичен гол, покажа одлична контрола. Бев импресиониран од него веќе на тренинзите. Луѓето од вториот тим ми кажаа колку е посебен. Кога топката е во Кевин, тој е уникатен, а и финишот на Оскар беше посебен, многу сум среќен за него“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













