
Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија, би можел да ја продолжи кариерата во Англија.
Според медиумите на Островот, Манчестер Сити сака да го купи 23-годишниот Грузиец. Барселона и Реал Мадрид исто така покажуваат интерес за играчот, но, сепак, Пеп Гвардиола сака да биде побрз и да го доведе на „Етихад“.
Кварацкелија игра за Наполи од јули 2022 година. Оваа сезона крилниот напаѓач има одиграно 16 натпревари, на кои постигна пет гола и имаше три асистенции.
Неговиот актуелен договор трае до крајот на јуни 2027 година.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
