Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тешко го прифати ремито 3-3 со Феенорд во Лигата на шампионите. Неговиот тим имаше сигурно водство од 3-0, но се распадна на крајот и не успеа да ја забележи првата победа по шест натпревари.
Гвардиола не можеше да го објасни тоа што се случи и претпостави дека станува збор за психолошки проблем кај неговите играчи.
„Сè беше во ред до 3-0. Потоа примивме многу голови затоа што не бевме стабилни. Им го подаривме првиот, потоа и вториот гол, по што стана тешко. Во последно време изгубивме многу натпревари. Преосетливи сме. Затоа ни беше потребна победа за да ја вратиме самодовербата. Игравме добро, но при првиот проблем, сè се распадна“, изјави Гвардиола.
„Не знам дали проблемот е психолошки. Првиот гол е недопустлив, вториот исто така. Потоа заборавивме на сè и се фрливме во напад барајќи победа. Играме добро, но не победуваме. Ситуацијата е таква каква што е. Игравме добро, но на ова ниво не смееме да нудиме вакви подароци. Во моментов не сакам да размислувам што ни е потребно во последните три натпревари. Размислувам само за следниот натпревар. Ако не можеме да победуваме во вакви дуели, ќе имаме проблеми“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













