
Манчестер Сити победи со 1-3 на гости против Јанг Бојс во Берн во третото коло од Лигата на шампионите. Европскиот и англискиот шампион поведе со голот на Мануел Аканџи во 48. минута, а четири минути подоцна израмни Мешак Елија. Натпреварот го реши Ерлинг Халанд, кој погоди од пенал во 67. за ново водство на Сити. Норвешкиот напаѓач во 86. минута погоди за конечни 1-3.
Тоа беа први голови за Халанд во Лигата на шампионите оваа сезона, а вкупно 11. гол во 13. настап сезонава во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак по натпреварот даде интересен коментар за Халанд.
„Луѓето сега очекуваат тој да постигнува четири гола на секој натпревар. Луѓето сакаат тој да не успее. Жал ми е, но тој ќе дава голови цел живот, тој е неверојатна опасност. Важно е да влегува во шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер – лигата, повеќе од многу други кои добиваат многу комплименти“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити е лидер во групата од Лигата на шампионите и е на дофат на осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
