
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер можеби нема да игра до крајот на сезоната. Ова го навести менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
„Тоа навистина може да се случи. Сè уште не знам. Не сум загрижен, морам да се концентрирам на другите играчи. Џон Стоунс е во аут за Лидс, ќе видиме за в среда“, објасни менаџерот на Манчестер Сити.
Запрашан дали новиот договор на Јирген Клоп со Ливерпул може да влијае на неговата одлука да остане во Сити подолго од следната сезона, кога ќе му истече договорот, Гвардиола рече:
„Честитки за Јирген и Ливерпул. Ова е добро за Премиер – лигата и за иднината. Му посакувам се најдобро. Ако одлучам да останам, тоа ќе биде моја одлука, а не затоа што мојот колега го продолжи договорот. Не гледам врска во тоа. Во текот на мојата кариера, 15 години како тренер, секогаш сум имал големи ривали. И со Клоп се натпреварувам шест години“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
