Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше разочаран од нерешениот резултат 0-0 со Интер во Лигата на шампионите. Тој жали за пропуштените шанси на неговите играчи, кои се главната причина зошто не успеаја да стигнат до трите бода.
„Имавме можност да го добиеме овој натпревар. Не беше лесно да постигнеме гол. Создадовме свои шанси, но ги пропуштивме. Не беа многу и не беа сосема чисти. Сѐ уште е почеток на сезоната, сигурен сум дека ќе играме многу подобро и ќе го најдеме нашиот ритам во следните месеци. Со текот на време ќе се подобруваме“, изјави Гвардиола.
„Требаше да ја вратиме контролата во нападот, во последните метри на половината на Интер. Да создадеме повеќе простори за да стигнеме до квалитетни позиции. Но, тие се бранеа добро, длабоко повлечени во својата половина, па моравме да ги промениме нашите тактики. Со повеќе движење и создавање простори се обидовме да ја пробиеме таа длабока одбрана“, истакна Шпанецот.
За состојбата на Кевин де Бруин, кој беше принудно заменет на полувреме, тренерот не даде конкретен одговор.
„Сѐ уште не сме разговарале со лекарите, не знам што се случува“, заврши Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













