Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се обидува да се смири со сопругата Кристина Сера, откако беше откриена изненадувачката причина за нивната разделба.
Во јануари беше објавено дека поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен се разделил со својата партнерка, со која се заедно повеќе од 30 години. И покрај одлуката, ни едниот ни другиот не го симнаа својот венчален прстен, а според нови информации, двојката е подготвена да и даде „втора шанса” на нивната врска.
Според шпанското издание „EN Blau VIP“, Гвардиола вложува сериозни напори за обнова на односите. Тој се обврзал да поминува повеќе време во нивниот семеен дом во Каталонија, искористувајќи ја можноста да патува со приватен авион.
Причината за раскинувањето, според информациите, е тоа што 54-годишниот стручњак тајно го обновил својот договор со Манчестер Сити, без да ја информира Кристина Сера. Очекувањата во семејството биле дека Гвардиола ќе земе едногодишен одмор или ќе прифати меѓународна позиција, што ќе му овозможи повеќе слободно време.
„Пеп Гвардиола и Кристина Серра сè уште ги носат брачните прстени. Тие се обидуваат да се смират. Тој помина три дена во нејзиниот дом за време на Велигденските празници и остана да преспие таму. Тврди дека може да биде во Манчестер, но да лета со приватен авион до Барселона еднаш неделно, за да биде со неа. Кристина ја побарала разделбата откако дознала дека Пеп го обновил договорот без нејзино знаење, но тој сака да остане со неа“, пишува шпанскиот таблоид.
Гвардиола, кој го води Манчестер Сити од 2016 година, потпиша нов договор со клубот кој е на сила уште две години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













