Манчестер Сити го декласираше Копенхаген со 5-0, а Ерлинг Халанд се истакна со нови два гола во првото полувреме. Тој е во неверојатна форма и делува незапирливо.
Халанд успеа да стане првиот фудбалер кој постигнал голови на своето деби за различни клубови во Лигата на шампионите, а ги тероризира голманите и во Премиер – лигата од почетокот на сезоната.
Веќе подолго време кружат шпекулации дека Норвежанецот е голема желба на Реал Мадрид и дека во договорот има опција да го напушти Сити по две сезони. Пеп Гвардиола тврди дека тоа не е вистина.
„Не е вистина. Халанд нема ослободителна клаузула за Реал Мадрид или кој било друг клуб. Тоа едноставно не е точно. Што друго да кажам“, изјави Гвардиола.
Тој додаде дека Норвежанецот е многу среќен во Манчестер Сити и дека сигурно не размислува за други клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













