Connect with us

Гвардиола: Гвардиол? Многу убаво презиме! Сите знаете дека е тука, чекаме да потпише

„Гвардиол? Колку убаво презиме има! Прави лекарски прегледи. Сите знаете дека е тука. Да се ​​надеваме дека ќе ја завршиме работата во следните неколку часа или денови”, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција на која го најави „Комјунити Шилд“, натпреварот кој во недела „граѓаните“ ќе го играат против Арсенал.


За потсетување, Гвардиол наскоро и официјално треба да стане играч на Манчестер Сити.

Трансферот за кој сите светски медиуми кои ги следат трансферите на фудбалери во овој преоден рок пишуваат дека е завршена работа, се тврди дека е веќе договорен.


Лајпциг и Манчестер Сити наводно веќе потпишале документи за трансфер на хрватскиот репрезентативец.


Гвардиол веќе може да се смета за играч на актуелниот европски шампион, а трансферот ќе биде вреден 90 милиони евра фиксно. Гвардиол не настапи на последните подготвителни натпревари за Лајпциг, а тренерот на германскиот тим Марко Росе најави дека работата наскоро ќе биде завршена.


„Не треба да одиме одоколу, сите ја знаат причината. Мислам дека никој повеќе не може да сокрие дека тој ќе прејде во Манчестер Сити“, изјави тренерот на Лајпциг.


Јошко Гвардиол пред две години од Динамо Загреб се пресели во Лајпциг за отштета од 18,8 милиони евра. Во случај Лајпциг да го продаде за 90 милиони, разликата меѓу двата трансфери ќе изнесува 71,2 милиони евра. На Динамо му следуваат 15% од тоа, односно 10,7 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови