Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со оптимизам ја коментираше вечерашната пресметка против Реал Мадрид од полуфиналето на Лигата на шампионите. Средбата е реприза на минатогодишниот дуел кога двата тима се сретнаа во истата фаза од турнирот и „кралевите“ во драматичен расплет излегоа како конечни победници.
Во врска со ова, тренерот на „граѓаните“ изјави дека неговите избраници нема да бараат одмазда, туку ќе се сконцентрираат на натпреварот што претстои.
„Тука пристигнавме со големи очекувања. Начинот на кој играме е навистина добар. Не сме тука за одмазда, ова е само уште една можност за нас. Еден ден ќе ја освоиме титулата. Доаѓаме овде за оваа сезона да го направиме тоа. Тоа не се случи минатата година бидејќи игравме против силен Реал Мадрид“, изјави Гвардиола.
„Минатата сезона поразот беше како „крајот на светот“, но еве сме повторно. Да се биде стабилен е најважното нешто. Важно е дека секоја година се трудиме да бидеме подобри. И минатата година бевме подготвени. Разликата е што овојпат реваншот е кај нас дома“, додаде шпанскиот стратег.
Првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра вечерва, од 21 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













