Connect with us

Гвардиола дава 100 милиони фунти за Џек Грилиш

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити тргнува во офанзива по капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека на „граѓаните“ им недостига креација во навалната линија, а Грилиш е еден од мајсторите со топката во Премиер – лигата. Токму поради ова Гвардиола е подготвен да плати 100 милиони фунти за да го доведе на „Етихад“ во јануари или најдоцна на стартот од новата сезона. 

Менаџерот на Сити доби нов двегодишен договор од клубот, а сега тргнува во ново реновирање на тимот. Покрај Грилиш, негова цел е и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Манчестер Сити е во преговори и за продолжување на договорот со најдобриот фудбалер, белгискиот интернационалец Кевин де Бруин.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови