
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше поразот на неговиот тим од Кристал Палас со 0-1 во финалето на ФА Купот.
„Не постигнавме гол, па затоа честитки за Кристал Палас за победата – направивме сè што можевме. Бевме поагресивни, но, ако не постигнуваш голови, не можеш да победиш“, изјави Гвардиола.
Кристал Палас го расплака Манчестер Сити и го освои првиот значаен трофеј во својата историја.
Тој ја коментираше и промашената пенал-ситуација од Омар Мармуш, кој шутираше наместо Ерлинг Халанд.
„Не знам, не сум разговарал со нив. Тие самите ја донеле таа одлука. На нив е да решат“, додаде Гвардиола.
На крајот, менаџерот на „граѓаните“ му честиташе на Кристал Палас за успехот и ги посочи некои од причините за поразот.
„Понекогаш фудбалот е таков. Ги контролиравме движењата навистина добро. Да, за жал не успеавме да победиме, но честитки за Кристал Палас“, заврши Гвардиола.
Сега „граѓаните“ мора брзо да се соземат по болниот пораз, бидејќи за само три дена ги очекува натпревар против Борнмут во Премиер – лигата, од кој во голема мера ќе зависи дали следната сезона во Манчестер ќе има фудбал од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума прави трансфер во Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?
