Премногу натпревари за кус период, напор, тензија, желба за триумф. Сето ова го зема данокот и во селекцијата на Грузија, вечерашниот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во Лигата на нации. Во пресметката која веројатно ќе одлучува за првото место, селекторот на Грузијците, Владимир Вајс, нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери, Торнике Окриашвили.
Тој се жали на повреда на мускулот, а Вајс не сака да ризикува и да го загуби за финалето на плејофот, директен меч за пласман на Европското првенство што ќе го играат Грузија и Македонија на 12. ноември во Тбилиси.
Покрај Окриашвили, во составот на Грузија ќе ги нема и Гиорги Чакветадзе, Гурам Кашиа, Отар Какабадзе, Јаба Канкава и Гиорги Абурџанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













