Никос Цуманис, грчки фудбалер, е пронајден мртов во својот автомобил и тоа со врзани раце. Тој имаше 31 година.
Полицијата со денови трагаше по поранешниот младински репрезентативец на Грција. Автомобилот бил паркиран во Каламарија, недалеку од Солун. Откако го пронашле Цуманис, го пренеле во локалната болница, но тој веќе бил мртов.
Првите информации од Грција известуваат дека смртта била предизвикана од задушување, а особено е сомнително за полицијата што го нашле во безживотна состојба со врзани раце.
Цуманис беше голем грчки талент пред десетина години и го помина поголемиот дел од својата кариера во Арис. Тој потпиша за Македоникос минатиот месец, но не дебитираше за тимот во третата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













