Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се разделува со досегашниот тренер Горан Симов. Раководството спогодбено го раскина договорот со него.
„Ве известуваме дека спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Горан Симов, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 7 месеци.
Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред.
Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.
За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, објави ФК Македонија ЃП.
„Виси“ позицијата и на Милан Илиевски во Работнички по денешниот пораз (0-1) од Вардар. Се очекува конкретен став од раководството на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













