
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамош, е блиску до враќање на теренот по повредата која подолг период го оддалечи од теренот, изјави тренерот на францускиот шампион Луис Енрике.
Шпанскиот стручњак се соочува со проблеми во составот кои треба да ги реши по завршувањето на репрезентативната пауза, пред гостувањето против Тулуз во натпревар од Лига 1.
Рамош заработи повреда на глуждот на самиот почеток од сезоната, а се очекува португалскиот репрезентативец повторно целосно да тренира со своите соиграчи на 25 ноември.
„Ова е за неколку дена, така што ова е последната фаза од неговото опоравување. Што се однесува до тоа кога ќе биде на располагање за тимот, сè уште не знаеме. Ќе видиме за време на тренинзите, тој напредува одлично и е добро подготвен“, изјави Енрике пред медиумите.
Многу играчи на Пари Сен Жермен се враќаат од настапите за репрезентациите, а Шпанецот треба да размислува за ротации во тимот пред дуелите во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
