Давид де Хеа се повреди и на голот на Шпанија застана Унаи Симон. Во 20.минута од осминафиналниот меч против Хрватска, Педри му врати топка од центарот на теренот, Унаи мислеше дека лесно ќе ја смири за да проигра понатаму, но топката му мина крај ногата и заврши во неговата мрежа.
Беше тоа шок за него и за целиот шпански тим.
„Беше моја брзоплета реакција. Знаете, илјадници такви додавања поминуваат лесно, движењето е автоматизирано, а потоа правиш катастрофална грешка на Европско пренство. И тоа на меч од нокаут фазата кога нема место за поправен. После грешката, ти доаѓаат негативни мисли. Навистина не беше лесно, а ми олесна кога израмнивме во првото полувреме“, вели Унаи Симон.
Тој потенцира дека соиграчите му дале енергија да продолжи.
„Тимот е фантастичен, сите соиграчи ми дадоа голема подршка. Во такви моменти, тоа е една многу голема енергија за да продолжите понатаму”, дополни шпанскиот голман.
Шпанија во четвртфиналето ќе се сретне со Швајцарија, мечот е закажан за 2 јули во Санкт Петербург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













