Италијанецот Џанлуиџи Буфон, кој брани фантастично и на 42 години, е избран за најдобар голман во историјата во анкетата што „La Gazzetta dello Sport“ ја спроведе со 18 голмани од 18 различни земји.
Во изборот учествуваа Германецот Мануел Нојер, Данецот Питер Шмајхел, Италијанецот Дино Ѕоф, Белгиецот Мишел Прудом, Бразилецот Жулио Цезар, Шпанецот Сантијаго Каљизарес, Унгарецот Габор Кирали, Камерунецот Томас Н’Коно, Полјакот Јиржи Дудек, Турчинот Рушту Речбер, Русинот Вјачеслав Малафеев, Швеѓанецот Томас Равели, Австриецот Алекс Манингер, Французинот Бернард Лама, Гркот Антонис Никополидис, Уругваецот Фернандо Муслера, Мексиканецот Хорхе Кампос и Холанѓанецот Јан Јонгблод.
Во нивниот избор, најмногу гласови – седум, доби легендата на Јувентус. Зад него се пласираше Русинот Лав Јашин со пет гласа, додека Италијанецот Дино Ѕоф доби два гласа. По еден глас добија Гордон Бенкс (Анбглија), Икер Касилјас (Шпанија), Сеп Мајер (Германија), Лаислао Мазуркиевич (Уругвај), Рожерио Сени ((Бразил), Клаудио Тафарел (Бразил) и Питер Шмајхел (Данска).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski