Откако Тео Хернандез се зарази со коронавирус, играчот за врска на Милан, Брахим Дијаз, исто така е позитивен и е додаден на листата на отсутни пред натпреварот против Верона. Од Милан, потврдија дека играчите се наожаат во добра здравствена состојба и дека се изолирани по протоколот предвиден од здравствените власти.
“Милан објавува дека Брахим Дијаз е тестиран позитивен на брисеви направени денес”, се вели во соопштението на клубот. “Играчот е добар и е во изолација дома. Целиот тим е тестиран и резултатите на останатите фудбалери се негативни”.
На денешната пре-конференција, тренеротна “росонерите”, Стефано Пиоли рече дека младиот Шпанец се чувствува малку лошо утрово и дека тој е неизвесен за дуелот против Хелас Верона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













