Шкендија успеа да го совлада тимот на Академија Пандев со 0-1 во Струмица и ја зголеми предноста на врвот на табелата на шест бода во однос на Македонија ЃП и на Шкупи. Тренерот Ернест Ѓока, изрази задоволство од изданието на тимот и залагањето на фудбалерите.
„Победата против Академија Пандев е добро завршена работа за нас, бидејќи се работи за исклучително квалитетен противник. Бевме дисциплинирани во одбраната и конкретни во нападот и на крајот стигнавме до трите бода. Ова е одличен период од сезоната за нас во кој остваривме четири победи без примен погодок. Нè очекува последниот меч од полусезоната, ќе се обидеме да заминеме на пауза со позитивен резултат и од тој дуел“, изјави Ернест Ѓока.
Шкендија ја освои есенската титула, а полусезоната ќе ја затвори со домашен дуел в среда против Пелистер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













