
Шкендија забележа убедлив триумф (5-0) над Македонија ЃП во дербито на колото. Во Тетово, тимот на Ернест Ѓока демонстрираше вистинска доминација и комплетно ги разби „лавовите“ на Жикица Тасевски.
Тренерот на Шкендија вели дека ова е тимот што сите сакаат да го гледаат во Тетово.
„Ова е Шкендија што сите ние сакаме да ја гледаме. Можеби денеска беше денот кога ни се вратија многу работи, кои на претходните мечеви како фортуната да ни ги одзема. Остваривме значаен триумф над противник кој имаше одлични игри и резултати во изминатиот период. Задоволен сум апсолутно од изданието на тимот и од тоа што постигнавме многу голови, а и секој што се најде во шанса знаеше да ја искористи. Покажавме дека имаме потенцијал да доминираме и без двајцата носители на играта кои денеска ни недостигаа, Алими и Ахмеди. Продолжуваме да бидеме фокусирани на секој нареден натпревар и јасно е дека Шкендија на секој меч оди на победа“, изјави Ернест Ѓока.
Во следното коло, Шкендија му гостува на Борец во Велес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
