Connect with us

Германците го освоија ЕВРО за фудбалери до 21 година

Младата фудбалска репрезентација на Германија е победник на Европското првенство за селекции до 21 година. Во финалето на „Стожице“, Германците ја совладаа селекцијата на Португалија со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Лукас Нмеча.

Напаѓачот на Андерлехт успеа да ја затресе мрежата на Португалците во 49.минута и Германија ја задржа минималната предност до самиот крај.

Европското првенство за фудбалери до 21 година беше одлична увертира за сениорскиот спектакл низ цела Европа кој стартува на 11 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови