
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз (0-4) од големиот фаворит Германија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Очигледно дека еднаш може да се победи Германија и да се направи сензација…
Нашиот национален тим одлично парираше во првото полувреме и задржа „нула“. Тимо Вернер во 45.минута го погоди дирекот, Столе Димитриевски имаше неколку одлични интервенции, а на спротивната страна Елиф Елмас се закани кон голот на Нојер.

Но, Германците додадоа гас во вториот дел и беа супериорни против Македонија. Каи Хаверц го отвори резултатот во 50.минута, откако Горецка одлично извлече противнапад и го проигра за реализација.
Тимо Вернер во 70.минута зголеми на 0-2, а три минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците со прекрасен погодок.
Џамал Мусијала во 83.минута успеа да искористи уште една шанса и погоди за 0-4.
Во 89.минута, Дарко Чурлинов имаше можност на спротивната страна, но шутираше крај голот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
