Гери Линекер, легендата на англискиот фудбал, а потоа и маркантен дел од англиската телевизиска програма за фудбал на „Би-Би-Си“, ќе се раздели со телевизијата по 26 години работа. Веста ја објави британскиот таблоид „Сан“, а денес се очекува и официјална потврда од „Би-Би-Си“.
Поранешниот англиски репрезентативец ја води култната програма „Match of the Day“ за преглед на натпреварите од Премиер – лигата од 1999 година.
Според информациите, тој ќе замине по крајот на оваа сезона, но ќе биде дел од телевизискиот тим за пренос на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, по што ќе се повлече од телевизијата.
Се тврди дека Линекер сакал да продолжи да ја води емисијата „Match of the Day“, но раководството на телевизијата не му понудило нов договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













