Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, е еден од можните кандидати за селекторското место на националниот тим на Полска, пренесуваат локалните медиуми.
Стручњакот е без ангажман од јули минатата година, откако се раздели со селекцијата на гордиот Албион.
По заминувањето на Михај Пробиеж, Саутгејт самиот изразил интерес за функцијата.
Пробиеж си замина од репрезентацијата по конфликт со големата ѕвезда Роберт Левандовски.
Селекторот му ја одзеде капитенската лента на лидерот на тимот, по што фудбалерот објави дека ќе бојкотира сѐ додека Пробиеж не биде сменет. Само два дена подоцна селекторот си поднесе оставка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













