Манчестер Јунајтед ја оствари десеттата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако на „Олд Трафорд“ ја совлада Астон Вила со 2-1. Со овој триумф, „црвените ѓаволи“ се израмнија на врвот на табелата со лидерот Ливерпул со по 33 бода и сериозно ја наметнаа кандидатурата во трката за шампионската титула.
Антони Марсијал во 40.минута го доведе Манчестер Јунајтед во водство откако одлично реагираше во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Астон Вила.
Гостите успеаја да израмнат преку Бертранд Траоре во 58.минута, но три минути подоцна, по пеналот над Пол Погба, португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш ја врати предноста со реализација од белата точка. Во финишот, Давид де Хеа имаше одлична интервенција и успеа да го сочува триумфот на Јунајтед. Составот на Оле Гунар Солскјер полека влезе во посакуваниот ритам во пресрет на вториот дел од сезоната во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













