Connect with us

Гави ги скина лигаментите на коленото, ќе го пропушти Европското првенство

Фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец, Гави, заработи тешка повреда на коленото на мечот меѓу Шпанија и Грузија (3-1). Тој во 26.минута во обид да прими една топка лошо стапна и сам се повреди.

Веднаш почна да плаче и беше јасно дека се работи за многу сериозна повреда.

Деталните лекарски прегледи ќе бидат направени во текот на денешниот ден, но веќе е познато дека Гави ги скина лигаментите на коленото и ќе паузира од шест до осум месеци. Тоа значи дека ќе го пропушти и Европското првенство во Германија, а за него оваа сезона секако е завршена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови