Џенаро Гатузо во недела ќе го води Хајдук Сплит по последен пат, токму на дербито против Ријека на „Пољуд“. По завршувањето на сезоната, италијанскиот стратег заминува од клупата на сплитскиот тим.
До крајот на шампионатот остануваат уште две кола, а натпреварот во недела ќе биде последен пред домашната публика, кога Гатузо ќе се прости од навивачите на Хајдук.
Иако има уште една година од договорот, двете страни постигнале договор за разделба, без финансиско обештетување. Гатузо одлучил да не побара ниту едно евро за раскинот на договорот, покажувајќи уште еднаш дека неговата поврзаност со клубот и градот е повеќе од професионална.
„Можеби се повторувам, но во овој прекрасен град и меѓу овие луѓе дојдов со насмевка – и така ќе си заминам. Зад мене се 11 незаборавни месеци. Имаше тешки моменти, но и убави. Кога ќе заминам, ќе ми биде многу тешко, бидејќи запознав луѓе кои ми го променија животот“, изјави Гатузо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













