Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, изјави дека поразот од Интер на почетокот на месецот практично ставил крај на надежите на неговиот тим за борба за титулата во Серија А.
Тимот од Бергамо загуби со 0-2 од „нероаѕурите“ на домашен терен во средината на март, а вчера претрпе нов пораз со 0-1 од Фиорентина во Фиренца. Со ова, Аталанта сега заостанува девет бода зад лидерот Интер, осум кола пред крајот на сезоната.
„Ова беше невозможен сон, кој мислам дека заврши по натпреварот против Интер. Тогаш игравме добро, но не успеавме да победиме. Против Фиорентина, пак, не бевме на нивото, немавме ниту еден прецизен удар. Сега ни претстојат осум натпревари, а мала предност е што пет од нив ги играме дома. Сепак, ќе се соочиме со тимови кои се во добра форма. Следните два дуели против директните конкуренти, Лацио и Болоња, ќе бидат клучни за нашето место во топ 4. Мора да ги одиграме најдобро што можеме“, изјави Гасперини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













