Преодниот рок во Турција трае уште два дена и по традиција тоа е „лудило“ од информации околу наводни трансфери. Меѓу нив се најде и Елиф Елмас. Турските медиуми најавуваат дека Галатасарај е заинтересиран да го доведе македонскиот репрезентативец на едногодишна позајмица.
Елмас е поранешен член на големиот ривал Фенербахче, па оттаму оваа информација привлекува уште поголемо внимание.

Македонскиот играч за врска не е редовен стартер во Лајпциг и веројатно затоа Галатасарај прави обид да го доведе на позајмица. Сепак, засега нема други малку поопипливи информации, ниту пак став од Лајпциг и од македонскиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













